has gloss | mkd: „Последните крици на саваната“ (италијански: „Ultime grida dalla savana“, англиски: „Final Cry of the Savanna“), исто така познат како „La Grande caccia“ или на англиски „Savage Man Savage Beast“, е влијателен Мондо филм од 1975 година, во режија на Антонио Климати (Antonio Climati) и Марио Мора (Mario Morra). Сниман низ целиот свет, негова централна тема е ловот и интеракцијата помеѓу човекот и животното. Поточно, филмот документира различни форми на лов што можат денес да се најдат во светот и како и луѓето и животните можат да бидат и ловец и плен. Како и други Мондо филмови, режисерите претставуват дека документираат вистинско, бизарно и насилно однесување и обичани, иако многу од сцените всушност се поставени. Нарацијата во филмот е на италјанскиот новелист Алберто Моравиа (Alberto Moravia). |