has gloss | mkd: Магдалена Хорват е македонски поет и преведувач. Родена е во 1978 година во Скопје, Македонија. Автор е на збирката песни „Ова е таа, твојата" (Македонска реч, 2006), како и на неколку преводи на книги од македонски и странски автори. Нејзината поезија е застапена во антологиите „Пурпурни извори: Антологија на поновата македонска поезија од млади" (Детска радост/СВП, 2006), „Сто без една песна" (Македонска реч, 2006), словенечкиот избор „Злати чолн“ (Апокалипса, 2005), американската антологија "In Our Own Words Vol.7" (MWE, 2007), и каталонската антологија "Europa es una dona/Europe is a Woman" (Universitat Autonoma de Barcelona, 2007). |