has gloss | mkd: Глигор Поповски (Будинарци, Беровско, 1 април 1928 - Скопје, 14 мај, 2007) е македонски писател за деца, поет, раскажувач, романсиер и преведувач. Учел во родното село,потоа во Берово и во Струмица, и најпосле во Скопје,каде што завршува учителска школа. Во 1949 година стапува на работа во Редакцијата „Пионерски весник“, првин како илустратор, а потоа како соработник. Се до пензионирањето во 1988 година, работи во Книгоиздателството „Детска Радост“ при НИП „Нова Македонија“,првин како уредник на „Титов пионер“, а подоцна на „Развигор“,„Другарче“и „Росица“,а неколку години работи и како главен уредник на Издавачката дејност. |